По координативната средба за предлозите на Метју Нимиц, синоќа претседателот Ѓорѓе Иванов изјави дека сите вакви средби се неопходни, но не откри детали за средбата која траеше повеќе од 5 часа во Клубот на пратеници.

Иванов истакна дека е реалист со искуство.

-Процесот се води во рамките на Обединетите нации и потребно е тоа да биде одговорно во рамките на македонските интереси, а да не биде на штета на граѓаните, изјави доцна синоќа претседателот Иванов.