Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров денеска во Рим ќе учествува на меѓународната конференција за одговорност на државите, институциите и поединците во борбата против антисемитизмот во регионот.
Како што велат од Министерството за надворешни работи, Димитров ќе има свое обраќање на конференцијата во кое ќе се осврне на значењето и улогата на еврејската заедница во Република Македонија и активностите кои ги презема земјава во справувањето со кривичните дела мотивирани од омраза и борбата против антисемитизмот.