Додека Законот за јазици чека на ново разгледување, патриотски здруженија протестираа пред Законодавниот дом. Го изразија своето незадоволство, од како што велат, штетните политики на ненародната власт и парламентарно мнозинство, за воведување на двојазичност и промена на уставното име.

Според организаторите на протестот, Законот за јазици е противуставен, дискриминаторски и сепаратистички, и со тоа се прави распродажба на националните интереси.

Семакедонскиот национален совет бара од претседателот Иванов да поднесе иницијатива до Обединетите нации за да се признае Македонија под уставното име. Секоја друга одлука, според Советот би значела предавство на Македонија и македонскиот народ.

Во паркот „Жена борец“, граѓаните се потпишуваа на иницијативата за Собранието да не го застапува нивниот став и да не решава во нивно име. На петицијата ставиле потпис над 2.000 граѓани.

Организаторите побараа и ослободување на притворените за настаните од 27-ми април и најавија нови протести.