Подобрување на соработката помеѓу контролорите и обработувачите на лични податоци, зајакнување на заштитата на лични податоци со примена на најновите меѓународни концепти, зајакнување на системот за заштита на лични податоци во рамки на органите за спроведување на законот, ЈО и судството се дел од препораките на проектот „Поддршка за пристап до правото на заштита на лични податоци” што се спроведува во Дирекцијата за заштите на лични податоци ДЗЛП.
Дирекротот на ДЗЛП Горан Трајковски на одбележувањето на Европскиот ден за заштита на лични податоци и затворање на Проектот, рече дека новиот закон согласно општата регулатива за заштита на личните податоци на ЕУ стапува на сила на 25 мај оваа година кај сите земји членки на ЕУ.
-Станува збор за комплетно нова регулатива со радикално решение. Сведоци сме на последните изјави на основачите на големите мрежи, како Фејсбук, колку тие се прилагодуваат и колку ресурси вложуваат да ги задоволат барањата на регулативата. Веруваме дека со законот и Македонија во 2018 година ќе има во сила нов закон за ЗЛП со кои радикално ќе се сменат правата на граѓаните во смисла на заштита на личните податоци, а имајќи предвид се што се случува во социјалните мрежи и со трансферот на податоците меѓу државите, истакна Трајковски.
Десислава Тошкова тим лидер на Проектот појасни дека тој е поделен на три компенекти. Првиот е за спроведување на стратегијата за запштита на личниоте податоци, вториот е за зајакнување на капацитетите за понатамошна имплементација и подобрување на соработката со контролорите и третиот е импленментација на стандардизацијата за информатички системи за сигурност.
Присутните на настанот денеска имаа можност да се запознаат со предизвиците од новата Општа регулатива за заштита на лични податоци, која е транспонирана во новиот предлог Закон за заштита на лични податоци.
Проектот кој е финансиран од ЕУ започна со работа во ноември 2015 година и, како што велат од ДЗЛП, во рамките на своите 27 месеци спроведување, тој ја подобри целокупната правна и институционална рамка за заштита на лични податоци, во согласност со најдобрите ЕУ практики.