Судењата за предметите „Тифани“ и „Тендери“ на Специјалното јавно обвинителство, ќе почнат на 19-ти односно на 21. февруари, потврдија за МИА од СЈО.

Во предметот „Тифани“ за даночно затајување е обвинета новинарката Ивона Талевска.

Случајот „Тендери“, пак, се однесува на изведување градежни работи на Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје, а првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа – Милевска.

Апелацискиот суд Скопје во ноември лани реши дека „бомбите“ може да се користат како доказ во судската постапка во случајот „Тендери“