Поранешниот премиер Никола Груевски денеска треба да се појави во Кривичниот суд на првото рочиште за набавката на луксузниот мерцедес од 600.000 евра во случајот Тенк.

За овој случај е обвинета и поранешната министерка за внатрешни, Гордана Јанкулоска, како и и поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски.

Според истрагата на СЈО, во периодот од февруари до крајот на октомври 2012 година Никола Груевски како службено лице ги искористил влијанието и службената положба и побарал од министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, да спроведе јавна набавка во која Министерството ќе купи ново блиндирано патничко моторно возило „мерцедес”, модел „С-600 гард”. Во постапката бил фаворизиран економскиот оператор М. А. ДООЕЛ, генерален застапник и дистрибутер на возилата од брендот „Мерцедес”.

Предметот ќе го суди Добрила Кацарска