Претседателот на Собранието, Талат Џафери, не е вклучен во преговорите за името и не беше на состонакот викендов, па денеска пред новинарите изјави дека не добил покана.
Џафери не добил покана за преговорите за името и координативната средба што се одржа во саботата за предлозите на посредникот Метју Нимиц. Собранискиот спикер рече дека ниту барал, ниту бара да го викнат некаде.
Џафери вели дека може да се оди на свадба непоканет, ама тој не одел ниту таму.