Во пресрет на посетата на специјалниот пратеник на ОН, Метју Нимиц, со чие посредство се одвива процесот на разговори за името, посочуваме дека јавното соопштување крајни позиции може да го намали просторот за разговори, велат за МИА од кабинетот на шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров.
-Од наша страна има добра волја за заемно прифатливи решение кое ќе ги почитува интересите, достоинството и идентитетот на двата народа. За да дојдеме до решение ќе биде нужна добра волја и од другата страна, велат од кабинетот на Димитров.