Потребата од размена на искуства, заедничката определба и подготвеност за соработка со цел поефикасно гонење на сторителите на кривичните дела, биле темите за кои вчера разговарале јавниот обвинител на Република Македонија Љубомир Јовески и јавната обвинителка за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите Катица Јанева на нивната прва средба.

Како што соопштија од Јавното обвинителство, на работниот состанок во просториите на ЈОРМ, станало збор и за актуелните реформи во правосудниот систем и неопходната активна вклученост на јавните обвинителства.

Јовески и Јанева ги разгледале прашањата опфатени со претстојните измени во законите со кои се регулира кривичната материја, особено во однос на поставеноста и организацијата на обвинителствата. На средбата било потенцирано значењето на меѓусебната поддршка и почит со цел успешна реализација на суштинските реформи кои ќе придонесат за подобрување на улогата на јавниот обвинител во целокупниот правосуден систем во државата.