Владата на денешната седница го разгледа Предлог-законот за престанување на важењето на Законот за поддршка на домашната музичка продукција и донесе заклучок да го достави до Собранието на Република Македонија на натамошна постапка.

- За донесувањето на овој предлог-закон преовладал фактот што имплементацијата на законот во практика не ги даде очекуваните ефекти, при што се постави прашањето за оправданоста од ваквиот начин на финансирање со буџетски средства во вкупен износ од 317. 680.000 денари, односно околу пет милиони евра - стои во соопштението од владината прес-служба.