Продолжението на судењето за предметот „Транспортер“ на СЈО е одложено за 21 февруари.
Причина за одложувањето, како што образложи судијката Добрила Кацарска на денешното рочиште, е тоа што се уште не добиен одговор за поднесена жалба од Апелацискиот суд. Од истата причина беше одложено и претходното рочиште.
Кацарска денеска предложи и дополнителни термини за судење: 22 февруари, 7 и 9 март.
На денешното рочиште присуствуваше поранешниот битослки градоначалник Владимир Талески, кој заедно со уште 20-тина лица се обвинети за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.