Македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас во Давос покажаа дека до крај достоинствено ќе ги бранат своите позиции, рече Срѓан Керим за време на вечерашното гостување во „Само вистина“ на телевизијата Канал 5.

– Од своето искуство знам една работа и таа е универзална ознака, дека кога две страни преговаарат од тактички причини поставуваат невозможни работи за потоа да се дојде до нешто прифатливо. Кога јас би преговарал и би ја застапувал тезата ерга омес, ако решението е поблиску до македонската страна тогаш ни ерга имнес не е проблем, но ако решението е како што го сака Грција, тогаш ерга омес е голем проблем, вели Керим.