На денешната 53. седница на Владата, министрите усвоиле информација за надминување на проблемот со канцеларискиот простор и депото на Државниот архив на Македонија.
Информацијата, како што се наведува во соопштението од владината прес-служба, предвидува можни решенија за Државниот архив на Македонија, односно дали и каде би се дислоцирал за да се заштити архивската граѓа.
Конечната одлука ќе се донесе во наредниов период, соопштуваат од Владата.