Премиерот Заев вчера соопшти- подготвени сме за географска одредница, прашањето е суштествено и треба да дадеме шанса низ преговори да се најде решение. Според него, сѐ што може да помогне во затворање на спорот треба да се искористи. Владата на седница донесла одлука за преименување на аеродромот во Скопје и на автопатот што води кон јужната граница. Евроамбасадорот Жбогар на владата и ја предаде Стратегијата за Западен Балкан.

Подготвени сме за име со географска одредница, објави премиерот Зоран Заев посочувајќи дека прашањето за спорот за името е суштествено. Вели- сѐ што може да помогне кон изнаоѓање на решение треба да го искористиме.

Фокусирани сме на суштествени чекори кои ќе доведат конечно до решавање на овој чуствителен проблем во интерес на двете земји. Заев соопшти дека Владата донела одлука автопатот да го преименува во „Пријателство“, а аеродромот во „Меѓународен аеродром Скопје“.

Портпаролот на Владата, пак, Миле Бошњаковски, денеска не коментираше во врска со изјавата на Премиерот Заев за географската одредница.

- Како Влада нема да си дозволиме да навлегуваме во шпекулации по однос на тоа што е објавувано во медиумите и не би имал што да додадам надвор од изјавата на премиерот – изјави Бошњаковски на денешната прес-конференција.