Изработка на стандардни оперативни процедури за примена на полициските овластувања, како и воведување судски вештаци кои ќе се произнесат за спроведување на тие овластувања, денеска од МВР побара од Македонскиот полициски синдикат (МПС) во врска со измените на Законот за Народен правобранител за воведување контрола на работата на полицијата, а со кој ќе има можност да се поведува дисциплинска постапка против работник во МВР.
Претседателот на МПС Ацо Ајтовски побара од Министерството за внатрешни работи да се изработат процедурите за примена на полициските овластувања, а тта да го направат најискусните полициски кадри кои, како што велат од синдикатот, ги има во огромен број.
- Бараме избор на искусни и квалитетни кадри во секоја организациска единица кои би се стекнале со лиценца да држат континуирана обука за примена на сите стандардни оперативни процедури, а во исто време да го дадат и своето мислење за оправданоста на преземените овластувања од страна на полицаецот - истакна Ајтовски.
МПС бара од Министерството за правда да бидат воведени судски вештаци кои во конкретни случаи ќе имаат можност да го изнесат своето стручно мислење и да бидат еден од доказите кои ќе се ценат во текот на судската постапка.