Доколку утре би се одржал референдум за влез на Македонија во ЕУ, 64,2 отсто од македонските граѓани одговориле „за“, додека на истотопрашање за влез во НАТО, 66 проценти се изјасниле потврдно.
Ова го покажуваат резултатите од анкетата на Институтот за политички истражувања (ИПИС), направено во периодот меѓу 16 и 21 декември 2017 година, на примерок од 1.113 полнолетнииспитаници од РМ.
Вкупно 45,4 отсто од анкетираните македонски граѓани сметаат дека односите со Грција во иднина ќе се подобрат, додека 15,5 проценти сметаат дека ќе се влошат.
На прашањето за влез на Македонија во ЕУ, против се изјасниле 18 отсто, додека со „не знам“ одговориле 17,8 проценти од испитаниците. За споредба, на истото прашање во 2016 година,66,9 проценти биле за влез во ЕУ, додека против 24,8 отсто.
Доколку утре има референдум за влез на земјата во НАТО, против се изјасниле 15,3 отсто, додека со „не знам“ одговориле 18,7 проценти од испитаниците. На истото прашање во 2016, 70,7 биле за влез во Алијансата, а против 21,4 отсто.