Во Кривичниот суд во Скопје рочиште за случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство за набавката на мерцедесот. Екс- премиерот Груевски вели, ова е политички процес. Поранешната министерка Јанкулоска се сомнева во објективноста на вештачењата, бидејќи биле направени од луѓе блиски до СДСМ.

Против мене се води политички процес, рече поранешниот премиер Никола Груевски. Не сум изненаден што судот не ги прифати приговорите на одбраната. Побара објаснување од судот, зошто дел од доказите не им биле доставени и како можело да се прифати вештачење од лице кое немало лиценца во периодот кога било вршено вештачењето. Праша по кој закон се прави селективност.

Сомнеж за објективноста на изработените две вештачења за набавениот „Мерцедес“ изрази и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Пред судот посочи дека ниту таа, како обвинета, ниту нејзините бранители немале можност да учествуваат со свои предлози и забелешки во вештачењето кое го нарачало СЈО во однос на економско- финансиското вештачење и сообраќајно техничкото. Според одбраната, СЈО до овој момент не ја докажало својата надлежност за предметите.

Неговиот адвокат, Димитар Дангов побара од судијката утре да не се одржи рочиште, зашто, било нечовечки Груевски секој ден да се појавува на суд. Судијката го прифати барањето рочиште за „Тенк“ да се одржи в петок и следното рочиште за „Тенк“ го закажа в петок.