Во „Труст“ првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан, како и две физички и три правни лица. Според обвинението, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани судски рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство, „Труст“ и „Тарифа“.

Во „Труст“ првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан, како и две физички и три правни лица. Според обвинението, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.

Во предметот „Тарифа“, пак, обвинети се поранешниот генерален директор на АД ЕЛЕМ Дејан Бошковски и уште други две лица. Станува збор за обвинение на СЈО за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија Електрани на Македонија, вреден околу четири милиони евра.