За 20-ти февруари е одложено судењето за случајот „Труст“ на СЈО, поради отсуство на еден од адвокатите на обвинетите. Адвокатката Сања Алексиќ поради болест била оправдано отсутна од рочиштето.

Во случајот „Труст“ првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан, како и две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ, за учество на тендер на Електрани на Македонија.

На денешното рочиште требаше да бидат презентирани доказите на одбраната, по што се очекуваат завршните зборови и пресудата.

Според обвинението, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.