Полнолетниот македонски граѓанин просечно годишно пие 2,4 литри вино и 1 литрo ракија, покажуваат податоците што во пресрет на празнувањето на Денот на виното и љубовта што ги објави Државниот завод за статистика. За разлика од 2016 година лани, и конзумирањето на вино и конзумирањето на ракија е зголемено.

Во Македонија има 87,9 милиони пенушки засадени на површина од 23.7033 хектари, а 62-те винарии произведуваат 369 339 хектолитри вино на точење и 265 683 хектолитри вино во шишиња како и 18 671 хектолитри природни жестоки алкохолни пијалаци. Од вкуниот извоз 48% се извезува во земјите од западен балкан додека 41% им припаѓа на земјите од ЕУ. Вкупната вредност на извозот на вино изнесува 43,8 милиони евра.

Покрај ова, во Македонија се произведуваат во домашни услови и 50.666 тони грозје и 74 000 хектолитри вино.

Во вкупниот промет на алкохолни пијалоци, потрошувачката на вино во угостителските објекти е 15,1%. Во месецот на виното и љубовта склучени се 961 брак или 7,1% од вкупните бракови во 2017 и родени се 1.640 деца од кои 872 машки и 768 женски.

По Св. Трифун - заштитникот на лозарите и градинарите, крстени се 354 лица од кои 206 се викаат Трифун, а 148 Трипун.

Во Македонија има и 750 лица кои се викаат Валентин, 259 Валентино и 6.943 Валентина.