Во Кривичниот суд се одложи процесот против Љупчо Стојановски кој минатиот јуни пукаше во екс министерот за здравство, Никола Тодоров.

Како што појасни судијката, рочиштето се одложува бидејќи не го добиле предметот, кој сѐ уште е во Апелацискиот суд кадешто се одлучува по жалба поднесена од одбраната.

Стојановски кој е дедо на девојчето Тамара кое почина минатата година, се товари за две кривични дела- обид за убиство и недозволено изработување, држење пиштол.

Ново рочиште е закажано за идната среда.