Неформален состанок на министрите за надворешни работи на Западен Балкан со високата претставничка Федерика Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан во Софија.

Се утврдува постигнатото пред пролетниот самит на Унијата. Стратегијата на Европската комисија за проширување исто така ќе биде тема на разговори и разгледување.

Забрзана динамика и средби на државниот врв и на партиските лидери во земјава. Утре во посета е бугарскиот претседател Радев, а на 25-ти февруари претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер е во Македонија.

Инаку вчера стапи во сила договорот за пријателство и соработка меѓу Македонија и Бугарија со што се затвора отвореното прашање меѓу двете земји.