За 110 претставки за разрешување судии треба да расправаат членовите на Судскиот совет на наредните седници, од која првата е закажана за денеска. Најмногу иницијативи за разрешување се предложени од Советот за утврдување факти, но има и други подносители.

Три претставки од Специјалното јавно обвинителство и уште неколку од адвокати и други странки во постапките. Дел од медиумите објавија дека претставки има за судијката Моника Бахчовановска, Јово Вангеловски, Рахилка Стојковска, Ристо Катавеновски, Фаик Аслани, Џемали Саити...

На дневен ред на денешната седница на Судскиот совет како шеста точка е ставена расправата по барање за поведување постапка за утвдување одговорност за судија, но повеќе детали не се соопштени.