Планинарскиот клуб „Трансверзалец“ за утре најавува повеќе детали за тоа како загинаа нивните челенови Калина Велевска и Александар Миновски минатиот викенд на Кајмакчалан.

Клубот ги доставил сите информации до надлежните институции. На својата Фејсбук страна изразија сочуство до фамилиите на Калина и Александар.

„Двајцата другари и колеги планинари ќе ни недостасуваат бескрајно и секогаш ќе се сеќаваме на убавите спомени од сите наши заеднички акции“- стои во соопштението од „Трансверзалец“.

Претходно родителите на загинатите планинари побараа одговорност од клубот и изразија сомневање во професионалноста на организаторите на турата.

Смртта на Калина и Александар ќе ја истражува и Федерацијата на планинари. Формирана е посебна комисија која треба да ги утврди околностите под кои се случил трагичниот настан.