Наредниот петок, на 23 февруари, Собранието на Република Македонија ќе биде отворено за посета од страна на граѓаните.
Тоа, како што посочуваат од собраниската прес-служба, претставува можност посетителите да ја разгледаат внатрешноста на зградата како значајно историско обележје на македонската државност и да добијат одговор на нивните прашања.
Собранието на Република Македонија е отворено за посета секој последен петок во месецот, а заинтересираните граѓани потребно е да се пријават на телефон 02/3182-227 или на е-маил s.stamenkovska@sobranie.mk, најдоцна пет работни дена пред посетата.