Од извештајот на Федерацијата на планинарски спортови за трагедијата на Калмачалан каде загинаа планинарите Калина Велевска и Александар Миновски,не можат да се видат детали за несреќата.
Од извештајот на Федерацијата на планинарски спортови за трагедијата на Калмачалан каде загинаа планинарите Калина Велевска и Александар Миновски,не можат да се видат детали за несреќата. Извештајот содржи само хронологија на настаните, што не доволно за да се направи анализа што се случувало-велат од Македонската Асоцијација на Интернационални Водичи во планина.
- Потребни се и други податоци за видот на несреќата, која била причината за смртта, кои биле постапките, значи треба да се направи анализа и вештачење на луѓето кои се настрадани.Некогаш несреќата може да биде од објективни а некогаш од субјективи пичини. Дури ги немаме овие податоци, а во извештајот не се наведени овие податоци, тоа е извештај со хронологија на настани кои се случиле и ништо не значат.- Изјава Антонио Додевски-Генетарен секретар на МАИВО.
- А импровизација со квалитетот и со безбедноста во вака сензитивни дејности може да го уништи имиџот на дестинацијата, може да го уништи имџот на професијата и тоа да има повеќекратни лоши последици. Нашата организација никогаш не си поигрувала со професијата,никому не дала така легитимација нити пак ќе даде.-Изјава Константин Циривири-Претсед.на МАИВП.
Од македонската асоцијација на интернационационални водичи сугерираат да се формира експертска група која ќе направи вештачење и анализа на настанот за да не ни се случуваат несреќи и од банална причина да гинат луѓе. На детон на несреќата никој не ги информирал нити побарал помош од нашите интернационални водичи.
Претседателот на меѓународната унија на интернационални водичи, кој се воздржа да ја коментира несреќата, бидејќи недостасуваат детали, потенцира дека мора да се почитуваат меѓународни стандарди за водење во планина.
- Не е исто водење група во лето и во зима има огромна разлика. Водичот треба да поседува лидерски особини, да се грижи за цела група и да ја координира.Да биде сигурен дека учесниците во групата ја имаат потребната опрема.-Изјава Бил Бејли-Претсед.на технилката комисија при УИМЛА.
Во Македонија има само една организација на професионални водичи во планина која ги има имплементрано стандардите на меѓународната организација на професионални водичи а брои 140 членови, од нив 40 се активни. Во моментов планинскиот туризам во Македонија не е доволно развиен,и не се прави разлика помеѓу спортска, планинарска активност и туристичка активност на планина што подразбира различна одговорност и поинакви страндарди,а тоа непознавање на нештата, во моментов се злупотребува.