На Комисијата за избори и именувања поминаа одлуките за исплата на апанажа за петтемина членови на Државната изборна комисија кои побараа право на плата и надоместоци по завршувањето на мандатот.

Апанажа во траење од една година добија поранешниот претседател на ДИК, Александар Чичаковски, членовите од СДСМ, Виолета Дума и Игор Милев, Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ и Субхи Јакупи од ДУИ. Другите тројца членови - Реџеп Прекопуца, Атанас Урумов и Сашо Срцев кои поднесоа оставка не побарале апанажа, бидејќи се враќаат на претходните работни места.

Апанажа ќе има и за поранешениот член на Регулаторната комисија, Дејан Бошковски, поранешниот државен ревизор Тања Талевска, како и поранешниот пратеник Павле Трајанов.