Искуствата на Швајцарија во организацијата и примената на мултијазичното општество ќе претставуваат значаен придонес за поефикасно спроведување на закон за употреба на јазиците во Република Македонија, рекол вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на средбата со државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Швајцарија, Кристина Марти Ланг.
Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања (СЕП), на средбата се разговарало за постојаната финансиска поддршка од страна на Швајцарија, како една од првите и најстарите донатори во Македонија.
– Покрај поддршката, Швајцарија претставува и значајна политичка и општествена инспирација за Република Македонија, како позитивен пример за функционално мултикултурното општество – вели Османи.