По две недели пауза- пратениците седнаа во собраниските клупи. Пленарни седници и заседанија на комисии. Работата на раб на кворум...
Собраниското мнозинство работи по налог на извршната власт, вака пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски ја коментираше одлуката, неговиот предлог за објавување јавен оглас за нови членови на ДИК наместо втора да биде 18-та точка на пленарката.
Опозициската партија останува на ставот дека во Собранието нема деловнички услови за парламентарна дебата, ниту пак, дека власта сака спроведување на реформските закони. Според Милошоски, свесно се пробива рокот за избор на највисокото изборно тело, поради мир во коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ.
Од СДСМ не ги коментираат наводите на Милошоски. Предлог- одлуката за оглас за избор на членови на ДИК е на седница и за тоа пратеничката група ќе се изјасни кога ќе дојде на разгледување.
Координаторот на пратеничката група, Томислав Тунтев не е убеден дека предлогот на Милошоски е усогласен во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Во комисијата за избор и наименувања пак, без кворум за предлогот Насер Ајдари да биде нов уставен судија и за двете испразнети места во Советот на јавните обвинители.
Од ДУИ обвинување дека ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА свесно го бојкотираат Парламентот и донесувањето на реформските закони.
Фадил Зендели од БЕСА вели дека ДУИ продолжува со стариот начин на владеење. Тврди дека не бил информиран за предлог кандидатурите и дека претходно имало договор да се расправа само за Законот за пошти и за апанажата за 10-на функционери.
Пратениците на пленарна седница се вратија по две недели пауза. Постојано се работеше на работ на кворумот.