Судењето на екс- министерката Канческа- Милевска во предметот на СЈО- „Тендери“ ќе продолжи на 13-ти март. Дотогаш судијата ќе теба да се произнесе по приговорите на одбраната во однос на вештачењето на доказите и надлежностите на СЈО во овој предмет.
На ова обвинителот на СЈО, Стевчо Донев, реагираше дека истиот приговор бил изнесен и при поднесување на обвинителниот акт, за што Советот за оценка на обвиниението на 26-ти декември 2017-та година го одбил како неоснован.
Канческа- Милевска е обвинета за злоупотреби со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба, од проектот „Скопје 2014“.