Собранието на Република Македонија денеска ќе биде отворено за посета од граѓаните.

Посетителите ќе имаат можност да ја разгледаат внатрешноста на зградата како значајно историско обележје на македонската државност и да добијат одговори на своите прашања.

Во Собранието ќе влезат само граѓаните кои претходно се пријавија телефонски или преку е-маил кај собраниските служби.

Собранието на Република Македонија е отворено за посета секој последен петок во месецот.