Премиерот Заев во „Даунинг стрит“ на средба со премиерката на Велика Британија, Тереза Меј. Информирал за спроведените реформи. Очекува чиста препорака и датум за почеток на разговорите за членство во ЕУ.

Премиерот Заев и вицепремиерот Османи на средба со британската премиерка Тереза Меј и со министерот за надворешни работи Борис Џонсон. Информирале за спроведувањето на реформите, за негувањето добрососедски односи, како и за проектите во регионалната соработка, за кои се разговараше на Инвестицискиот самит за Западен Балкан во Лондон.

Заев ја пренел пораката дека нашата земја годинава очекува препорака за отпочнување на преговорите со Европската унија, како и покана да стане 30-та земја- членка на НАТО.

Од Меј и Џонсон добил потврда дека Обединетото Кралство ги подржува македонските аспирации за членство во ЕУ и во НАТО.

Претходно, премиерот Заев и вицепремиерот Османи присуствуваа на прием, што во чест на шефовите на владите на земјите од Западен Балкан, го приреди премиерката на Велика Британија, Тереза Меј.