За вечерва е закажан протестен марш, во организација на неколку македонски организации и здруженија, за како што велат, одбрана на државата, идентитетот и нацијата.
Протестот е најавен за 18 часот, а протестниот марш ќе се движи по булеварот Свети Климент Охридски и Димитрије Чуповски до Собранието на Република Македонија. Четирите главни барања кои ќе бидат испорачани од протестот се прекин на преговорите со Грција за името, повлекување на законот за употреба на јазиците, повлекување на договорот Заев-Борисов и итно ослободување на притворените и осудените за настаните од 27 април 2017 година во Собранието.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се огради од протестот, односно порачаа дека не се организатори, но нивниот член Антонио Милошоски преку обраќање на фејсбук порача дека ќе присуствува на протестот и повика на масовност.