Движењето „За заедничка Македонија“ вечерва во Скопје одржува протест „за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата“.

Протестот почна пред мисијата на Европската унија, а оттаму поддржувачите се движеа по булеварот „Свети Климент Охридски“ и булевар „Димитрие Чуповски“ до Собранието на Република Македонија.

Во првите редови можеше да се забележи и владиката Агатангел.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се огради од овој протест, односно порача дека не се организатори.

Поради протестот, сообраќајот е блокиран во центарот на Скопје.