Советник на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш е приведен во полициска станица, потврдија за МИА извори од истрагата.

Советникот С.М., вработен како советник на градоначалникот на Шуто Оризари е приведен откако добиле пријава за барање поткуп.

Тој барал мито за легализација на куќа, а парите кои ги побарал му биле дадени. Претходно парите биле обележани. Веднаш по приведувањето и советникот и парите се однесени во скопска полициска станица