По најавата од Управата за хидрометеоролошки работи за студен бран од портокалова фаза на ниво на цела држава, Комисијата за превенција од штетни ефекти од студени бранови при Министерството за здравство за утре донесе неколку препораки...

-Да се ослободат од работни обврски бремените жени и лицата над 60 годишна возраст.

-За работниците коишто работат на отворено се препорачува реорганизација на работното време од 10 до 16 часот, со повремени паузи на секои два часа по половина час во топла просторија и со топли напитоци.

- Да се избегнува практикување физичка активност на отворено, а при движење особено да се внимава на лизгави површини.

-На целото население се препорачува особено внимание да се посвети на заштита на здравјето, особено носење топла повеќеслојна облека, соодветни обувки за снег и мраз, почеста конзумација на топли напитоци и редовно земање на терапија кај хронично болните лица.

-Во случај на настинка и потешкотии на дишењето, се препорачува граѓаните веднаш да се јават кај својот матичен лекар.