Во Врховниот суд во Атина, денеска ќе има рочиште по жалбата на поранешноиот началник во УБК, Горан Грујевски и Никола Бошковски. Двајцата поднесоа жалба за одлуката за екстрадиција на судот во Солун.
Минатото рочиште што беше одржано на 16-ти февруари, беше одложено поради каткиот период што го имале адвокатите за разгледување на предметот и непостоењето преведувач од грчки на македонски јазик.
Грујевски и Бошковски во Грција имаат три правни процеси. Едниот е за екстрадицијата по издадената меѓународна потерница од македонска страна, другиот за фалсификуваните пасоши со кои беа фатени на солунскиот аеродром и третиот за барањето азил.