Антикорупционерот Горан Миленков денеска си поднесе оставка од функцијата член на државната комисија за спречување на корупција.
Миленков вели дека оставката ја поднел поради здравствени причини и нема никаква врска со написите за ненаменско трошење на буџетски средства кои биле утврдени со внатрешната ревизија на управата за јавни приходи. „Пред малку дадов оставка од здравствени причини. Мојата оставка нема врска со написите во вашиот медиум и не би сакал да давам други коментири“, изјавил Миленков за порталот „СДК“.
Ревизијата на УЈП се однесува на составот на комисијата со претседателот Игор Тантуровски и членовите Фарие Алиу, Горан Миленков, Жаклина Дамческа, Најдо Спасевски, Сузана Таскова Аџикотарева и Сејди Халили, кои се на оваа функција во дкск од април 2015. По серијата објави за ненаменски трошење буџетски пари основното јавно обвинителство по допред глас на 1 март оформи предмет.