Здравствените и семејните причини се мотивот за оставката на првиот антикорупционер Тантуровски. Вчера и Миленков се откажа од функцијата член на Комисијата за спречување на корупцијата...

Претседателот на Државната комисија за спречување на корупција, Игор Тантуровски поднесе оставка. Изутрината ја доставил оставката до Собранието.

Оставка вчера поднесе и членот на Комисијата и нејзин поранешен претседател Горан Миленков, Оставките следуваат неколку дена по објавениот ревизорски извештај на УЈП за работата на членовите на Комисијата, која наведе сомневања за исплата на фиктивни патни налози и трошења на буџетски пари.

За овој случај истрага отвори и Јавното обвинителство, а парламентарното мнозинство ги повика членовите да си поднесат оставки или ќе иницираат нивно разрешување во Собранието.

Тантуровски претходно негираше дека има незаконитости во работата на Комисијата и рече дека нема да поднесе оставка.