Секцијата на жени при Сојузот на синдикати на Македонија поддржува да се расчисти случајот со полицајката која беше нападната од висок функционер на ДУИ. Претседателката на Секцијата на жени при ССМ, Елизабета Гелевска изјави дека ова треба да се направи за да се зачува достоинството и на професијата и на жената која на работното место си ја работата.

Впрочем и Полицискиот синдикат кој е членка во ССМ издаде своја наредба да се испита случајот со цел да се зачувуа достоинството и на професијата и на жената која на работното место си ја вршела својата работа, изјави Гелевска пред почетокот на Конференцијата за поддршка на кампањата „Спречување на насилство врз жените и мажите во светот на трудот“.

Сојузот на синдикати на Македонија дава поддршка на кампањата на Меѓународната конфедерација на синдикати и се вклучува во глобалната активност за поддршка на конвенцијата и препораката на МОТ за спречување на насилството врз жените и мажите во светот на трудот.

Акцентот е ставен на мобилизација и зајакнување на синдикалните активности за елиминирање на родовото насилство и градење критична маса за поддршка за усвојување на конвенцијата на МОТ.