Синдикатот на УПОЗ и Министерството за информатичко општество и администрација се договорија да се формираат работни групи кои ќе почнат преговори за Колективниот договор во јавната администрација.

Вработените во јавната администрација наскоро ќе добијат колективен договор со кој ќе бидат регулирани нивните права и обврски. Синдикатот на УПОЗ и Министерството за информатичко општество и администрација се договорија да се формираат работни групи кои ќе почнат преговори за Колективниот договор во јавната администрација.

Ова е прв колективен договор кој ќе се обидеме да го испреговараме и се надевам успешно да го потпишеме, од 1995 година. Со овој договор многу подиректно ќе се регулираат правата и обврските на вработените во јавната администрација, истакна министерот Манчевски.

Претседтелот на УПОЗ, Пецо Грујовски и министерот Манчевски изразија надеж дека ќе дојдат до најдобри решенија за вработените во јавната администрација.

Од УПОЗ најавија дека ќе бараат во колективниот договор да биде опфатено и прашањето за исплата на К-15 во јавната администрација.