Во Кривичниот суд рочиште за случајот „Транспортер“. Минатото беше одложено поради тоа што немаше одговор за поднесената жалба од Апелацискиот суд.
Во предметот, првообвинет е поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талевски. Покрај него, обвинети се уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба за организирањето превоз на ученици во Битола.
Според обвинението на СЈО, направена е проневера на околу 360 илјада евра.