Со почеток од 12:00 часот, ќе се одржи вториот по ред „Марш за правата на жените” во организација на Платформата за родова еднаквост.

Платформата за родова еднаквост е независна и неформална мрежа на македонски граѓански организации за женски права, составена од вкупно 22 организации и мрежи кои здружено делуваат во насока на унапредување на родовата еднаквост во Македонија.

Рутата на движење е: Старт од Жена Парк, па преку Плоштад Македонија и Камениот Мост се завршува на плоштадот Филип Втори (пред фонтаната).