Канал 5 телевизија и сите нејзини вработени се запрепастени од, како што велат, вербалниот примитивизам на советникот на министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

Во реакцијата на колумната на советникот Златко Теодосиевски објавена на порталот Плусинфо, од Канал 5 велат дека тој користи вокабулар недостоен за никого, а најмалку за интелектуалец кој работи во Министерството за култура.

-Дотичниот советник, г-динот Теодосиевски, користи тешки конструкции , невистиното обвинувајќи го мега успешниот проект на Канал 5 , емисијата „Само вистина“, при што клевети дека наводно емисијата во која учествуваше неговиот колега, г-дин Грчев, била намерно продолжена од регуларните „едвај триесет минути“ сме ја растегле на 1 час и 40 минути што е наунофантастична измилица. Емисијата „Само вистина“ има варијабилно време, и во последно време трае околу 1 час и 15 до 1 час и 30 минути.

Дополнително , овој „културен“ работник, користи крајно навредливи имиња за нашата телевизија, емисија, новинарка, уредник , со што прави преседан во 27 годишната историја на Македонија, еден државен службеник да клевети и навредува со манири на најголем примитивец.

Канал 5 ТВ, очекува министерот Алаѓозовски да не „спаси “ сите нас од овој „советник“ и да се огради од оваа негова колумна , но и да го разреши овој „културен“ работник.

Истоврмено , ја информираме јавноста дека ќе поднесеме соодветен правен поднесок, и ќе ги информираме домашните , но и меѓународните претставници. – стои ви реакцијата на телевизија Канал 5.