По наредба на Јавното Обвинителство денеска доцна попладнето е уапсен Д.С. вработен во кабинетот на министерот за внатрешни работи потврдија за Алфа од МВР.
Според нивните информации советникот е осомничен за "злоупотреба на службена положба и овластување" по член 353 од КЗ.
Осомничениот бил уапсен околу 16 часот и спроведен во полицискарта станица во Кисела Вода. Освен во кабинетот на министерот, некои медиуми неофицијално објавија дека истиот бил Претседател на дисциплинска комсија во МВР како и член на комсијата за оружје.