Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев денеска оствари средба со Помошникот државен секретар за европски прашања на Стејт Департментот на САД, Вес Мичел. На средбата, Заев истакна дека очекува Македонија што поскоро да влезе во ЕУ и НАТО.
„Ја почнуваме финалната фаза која ќе донесе достоинствено решение за двете страни. Секој документ кој ќе дојде од било која страна а е од помош да се најде решение ќе го поддржиме но тоа ќе оди преку медијаторот Метју Нимиц. Кога е тешко и мачно убаво е да ги повикате пријателите како Соединетите Американски Држави. Очекувам помош од пријателите“, истакна Заев на средбата.