Потпретседателите на Владата, Кочо Анѓушев, Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска, Бујар Османи и Хазби Лика, ќе имаат пониски плати од наредниот месец, одлучи Уставниот суд.
Одлуката е донесена по поднесената иницијатива од партијата Левица пред Уставниот суд.
Платата на вицепремиерите во иднина ќе се пресметува по коефициент 3,70 од просечната плата, како што е случајот со останатите министри, наместо со коефициент 4,00 како што беше досега. Ова се должи на укинување на дел од членот 14 од Законот за плата и за другите надоместоци на пратениците.
Се претпоставува дека месечните примања на вицепремиерите ќе бидат намалени за околу седум илјади денари.