Никола Груевски, поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, стана прв во обидот да го спречи Талат Џафери, да го стави Законот за јазици на гласање, од како од страна на пратениците беше побарано процедурална забелешка но Џафери не додели процедурален збор.

Од кога Талат Џафери премина на читање на точката 8 од дневниот ред пратениците на ВМРО-ДПМНЕ станаа пред говорницата на Талат Џафери а Никола Груевски неколкупати му спомена на Џафери дека треба да додели процедурална забелешка по што истури вода врз него и отиде до неговото столче и му го исклучи микрофонот.

На тоа Талат Џафери даде петнаесет минути пауза а кога излегуваше од салата дојде до близок контакт помеѓу него и Груевски по што собраниското обезбедување застана пред нив за да не дојде до физички контакт.