По инцидентите во Собрание, Талат Џафери го стави на гласање Законот за јазици при што констатираше дека со 64 гласови за, Законот е донесен.
Но, кога пратениците на ВМРО-ДПМНЕ станаа повторно пред говорницата, Талат Џафери го напушти столчето при што припадниците на немнозинските заедници не се произнесоа по истиот. Од кога сфати Џафери дека гласањето не е затворено, се врати во Собранието и го прогласи Законот за јазици за усвоен.
Коментарите се едногласни, на шверцерски начин го изгласаа Талат Џафери за Претседател на Собрание, без непочитување на ниту една процедура и газење на Уставот на Македонија, а на исти начин без никаква процедура и на уште пошверцерски начин денес го изгласаа Законот за јазици.