Пред Собранието на Република Македонија продолжува протестот против Законот за употреба на јазиците.
Протестот тече мирно и без инциденти. Пред Собранието, исто така, има видливо полициско обезбедување, како и многубројни екипи на медиумите.
Улицата пред Собранието е затворена за сообраќај.
Законот за употреба на јазиците денеска беше изгласан со 64 гласа за, без ниту еден против и воздржан.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека законот е донесе неуставно, додека претседателот на Собранието, Талат Џафери тврди дека законот ја добил поддршката од мнозинството пратеници, по што Уставиот суд е на потег да оцени дали е во согласност со Уставот.